Првиот денешен натпревар на Европското кошаркарско првенство донесе големо изненадување.
Селекцијата на Велика Британија ја оствари првата победа совладувајќи ја Црна Гора со 89:83. Овој триумф на Британците не им донесе ништо, но на Црногорците им одзема осминафинале.
Овие две селекции заедно со Шведска која попладнево ќе го игра својот натпревар со Литванија, имаа по една победа. Популарните „Викинзи“ дури и да загубат (што е реално), во кругот на трите селекции ќе бидат најдобро рангирани и ќе играат осминафинале.
Така од групата Б познати се четирите патници во „нокаут“ фазата: Германија, Литванија, Финска и Шведска.
Овие селекции во осминафиналето ќе играат против четирите прворангирани во А групата. Во неа, Турција, Србија и Летонија веќе обезбедија осминафинале. Последниот патник ќе го дознаеме по дуелот кој е во тек меѓи Естонија и Португалија.



































