На последниот Гренд-слем турнир во годината, УС Опен, се случија две изненадувања во машка конкуренција
Настапот во Њујорк го завршија третиот носител Александер Зверев и четиринаесеттиот Томи Пол.
Германецот, Зверев го загуби мечот против Феликс Оже-Алиасим во четири сета. Уште понеизвесен беше дуелот меѓу Александар Бублик и 14-носител Томи Пол, кој Казахстанецот го доби по пет одиграни сета.
Од носителите пласман во осминафиналето обезбедија: (1) Синер, (8) Де Минаур, (10) Мусети и (15) Рубљев.
Кај дамите, немаше изненадувања. Така во следната рунда ќе ги гледаме: втората носителка Ига Свјатек од Полска, Американките, Гоф и Анисомова кои се трето и осмо рангирани, како и 11-тата носителка Мухова од
Чешка.

































