Дури дванаесет натпревари носи четвртиот ден на Европско кошаркарско првенство што се одржува во Полска, Финска, Кипар и Летонија.

Денеска на програмата се натпревари од второто коло во Ц и Д групите, односно третото во А и Б групите.

Првиот дерби дуел ќе го играат селекциите на актуелниот светски првак Германија и Литванија. Тоа е натпревар од Б групата во Тампере, Финска, додека дербито од А групата во Рига, е меѓу домаќинот Летонија и репрезентацијата на Србија.

Италија и Грузија ќе играат во најинтересниот меч од Ц групата во Лимасол, Кипар. Сепак „шлагер“ на денот ќе биде мечот од Д групата во Катовице меѓу подмладената, но одлична Франција и Словенија предводена од Лука Дончиќ.

Следете нé на социјалните мрежи

А група – Рига, Летонија
13:45 ЧЕШКА – ЕСТОНИЈА
17:00 ЛЕТОНИЈА – СРБИЈА
20:15 ТУРЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

Б група – Тампере, Финска
12:30 ЛИТВАНИЈА – ГЕРМАНИЈА
15:30 В. БРИТАНИЈА – ШВЕДСКА
19:30 ЦРНА ГОРА – ФИНСКА

Ц група – Лимасол, Кипар
14:00 ИТАЛИЈА – ГРУЗИЈА
17:15 КИПАР – ГРЦИЈА
20:30 ШПАНИЈА – БиХ

Д група – Катовице, Полска
14:00 ИСЛАНД – БЕЛГИЈА
17:00 ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА
20:30 ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ