Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се израдува на трофеј на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања.
Во своето второто финале годинава, повторно на истото место, Ѓорческа е поразена. Тетовката денеска за од првата носителка Мирјам Булгару од Романија во три сета (2:1).
Иако Ѓорќеска го доби првиот сет со 7-5, сепак следните два ги загуби убедливо.
Во вториот, Романката на Ѓорческа и препушти само еден гел (1-6), а во третиот ниту еден (0-6).
Така Ѓорческа не успеа по втор пат да триумфира на турнирот во Куршумлијска Бања годинава веќе еднаш успеа да се израдува таму со победата во финалето над Марта Матула од Грција.