Најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ има нов клуб.
Популарниот Нено од Италија се враќа во Русија и ќе настапува во ВТБ лигата.
Имено, Димитријевиќ ќе го носи тимот на Зенит од Санкт Петерсбург во наредните две сезони. Рускиот тим се согласи на двегодишен договор вреден 3 милиони евра.
За да го финализира трансферот, Олимпија Милано му плати 500.000 евра на Димитријевиќ, како компензација за предвремено раскинување на договорот.



































