Младинската (У20) репрезентација ја совлада јуниорската (У18) во контролниот дуел на двете македонски машки селекции.

На последниот тест за време на подготовките, тимот на селекторот Горан Самарџиев подобар од оној на селекторот Горан Андреевски (74:67)

Имаа младинците и повисоки (39:22) на средина од втората четвртина на нивната последна проверка пред патувањето за Ерменија, потоа и (42:24).

На полувремето, младинската селекција имаше плус од 15.поени (45:30). А Муареми со 11. реализации беше прв поентер, додека Јаничиќ беше стрелец на 10. за помладите во тие 20.минути од контролниот меч. 

По четири минути игра во третата четвртина, разликата беше скоро преполовена, јуниорскиот тим заостануваше седум поени (41:48). Само за кратко, затоа што по забивањето на Иванов, селекцијата „Под 20“ повторно се одвои, сега на (57:43), а потоа и (59:46).
По три одиграни периоди од натпреварот, младинскиот состав водеше со (62:48).

Уште еднаш, слично како и во третиот дел од играта, јуниорите ја намалија негативата на едноцифрена, (63:71), кога се играше 37.минута. Дојдоа избраниците на селекторот Андреевски и на уште понизок минус, (67:72) во последната минута од проверката, но не направија и нешто повеќе од тоа, победата остана за постарите колеги (74:67).

Во младинската селекција на Македонија, најефикасне, со 15.поени беше Муареми (имаше и седум скока), додека 11. поени реализираше Ќириловски.

Со 24.реализации, 8.скока и 6.асистенции, капитенот Јаничиќ го предводеше составот на играчи „Под 18“ години, во кој „двоцифрен“ беше и Димовски, кој постигна 14.поени

Oва пак беше и прва проверка за нашиот машки јуниорски национален тим од почетокот на подготвителниот период. Наредните ќе бидат за десетина дена, кога во Скопје ќе гостува јуниорската репрезентација на Црна Гора.