Германскиот тенисер Александер Зверев е победник на АТП Мастерс турнито во Минхен.

На задоволство на домашната публика, Зверев во финалето за 61 минута го совлада Американецот, Бен Шелтон со 2:0 во сетови.

Првиот Зверев уште на стартот направи брејк, а потоа и во седмиот гем, за да го добие сетот со 6-2. На ист начин почна и вториот сет., кога Шелтон го загуби својот сервис. Тоа беше пресуден момент, па сетот Зверев го доби со 6-4 со што трет пат триумфира на турнирот во Минхен.

Со оваа победа, Зверем веќе утре може да биде на 2 место на АТП листата, но тоа ќе зависи од исходот во финалето во Барселона.

Во него од (16 часот) ќе играат Карлос Алкараз и Хогер Руне. Доколку Шпанецот победи во Барселона, ќе ја задржи втората позиција а Зверев ќе остане трет.