Oд синоќешната НБА програма во која се одиграа пет натпревари, издвојуваме две индивидуални остварувања.
Ослабениот Лос Анџелес Лејкерс беше лесно поразен од Милвоки Бакс. Лука Дончиќ одигра одличен натпревар и ги предводеше Лејкерси, но освен Остин Ривс, тој немаше помош од останатите.
Дончиќ постигна 45 поени и 11 скока, а Ривс имаше 28 поени и 8 скока. За Бакс, Јанис Антетокумпо постигна 24 поени со 12 скока и девет асистенции, Брук Лопез додаде 23 поени, а по 22 поени постигнаа Демијан Лилард (десет асистенции) и Кевин Портер.
Голден Стејт Вориорс имаа лесна работа против Сакраменто Кингс кого го совладаа со 130:104.
По натпреварот повеќе се зборуваше за дострелот на Стивен Кари, кој стана првиот кошаркар со 4.000 реализирани тројки. Кари немаше одличен натпревар, заврши со 11 поени и пет асистенции, но ја скрши границата до која ќе биде многу тешко да се стигне во иднина.
Дрејмонд Грин беше најефикасен со 23 поени, додека Џонатан Куминга додаде 18. Од друга страна, ДеМар Дерозан постигна 23 поени.
На останатите три натпревари: Детроит Пистонс – Вашингтон Визардс 125:129, Чикаго Булс – Бруклин Нетс 116:110 и Њу Орлеанс 93:110.