Екипата на битолски Пелистер во својата втора сезона во АБА2 лигата успеа да обезбеди пласман завршниот „фајнал-ејт“ турнир.
Избраниците на тренерот Марјан Илиевски во решавачкиот меч ја совладаа екипата на Слона Краљево и на коло до крајот на групната фаза, го осигураа своето место меѓу осумте најдобри,
„Сакам да истакнам. Овие момци, но и ние од стручниот штаб, го заслуживме сето ова. Иако од почетокот од сезоната беше голем проблем, особено со преполовениот буџетот, па се поставуваше и прашањето, дали оваа „авантура“ во АБА лигата ни е потребна. Сепак докажавме дека заслужуваме место во најдобрите осум. Нам, сега ни преостанува да се радуваме на постигнатото и ова што се случи. Пелистер и градот Битола ова го заслужуваат“, изјави по натпреварот Марјан Илиевски тренерот на Пелистер.
На пелистерци сега им останува да го одиграат уште натпреварот од последното коло со Подгорица и тоа во сабота од 15 часот.