Екипата на Пелистер обезбеди пласман во разигрувањето на АБА 2 лигата.

Битолскиот тим во директната пресметка во Слога Краљево славеше победа и се пласира во плејофот.

Иако пелистерци речиси во текот на целиот меч ја контролираа играта и резултатот, а во финишот на третата четвртина имаа и највисоки 22 поен предност (78-56). Наместо рутинирано да го приведат кон крај мечот, му дозволија на противникот да се врати во игра и да дојде на -2 (83-85). По тајмаутот на Илиевски, битолчани направија добра серија од 7-0, за водство од 94-95. Но, српскиот тим повторно се врати во игра и на 6.5 секунди пред крајот дојде на -3.

Сепак благодарение на добро одиграната одбрана, тимот на Пелистер не дозволи Борац да поентира, па зелените го приведоа мечот до крај во своја полза со конечни 96-93.

Со овој триумф и две победи повеќе од Слога, екипата на Пелистер го осигура своето место меѓу осумте најдобри, а со тоа и настап на завршниот „фајнал-ејт“ турнир.

Во последното коло во недела од 15 часот, Пелистер ќе игра против Подгорица.