Македонската фудбалска надеж во женскиот фубдал и репрезентативка Викторија Недева направи трансфер во хравтска и тоа во тимот на Хајдук Сплит, што ќе биде прв интернационален предизвик за младата фудбалерка.
Недева е играч од одбраната и може да покрива повеќе позиции а иако има само 19 години, веќе 5 сезони игра сениорски фудбал, а своето деби за Тиверија го имаше на само 14 години.
Младата фудбалерка на струмичка Тиверија, три месеци беше на проба во славниот хрватски тим, период за кој успеа да ги импресионила тренерите и стручниот штаб на клубот по што потпиша и професионален договор и во иднина ќе ги брани боите на сплитскиот великан.
Хајдук важи за еден од најдобрите клубови во Хрватска, која пак е земја во која настпауваат уште неколку македонски репрезентативки.
Женскиот фудбалски клуб, Тивереија работи одлично во младинските категории, а неодамна токму две млади фудбалерки на Тиверерија ги добија првите професионални договори во Македонската лига.