Победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП, возена за Големата награда на Тајланд, е возачот Марк Маркез.

Како и вчера на спринтот, истата тројка на возачи го пополни подиумот во Бурирам.

Шесткратниот шампион Марк Маркез славеше за прв пат како возач на Дукати. Зад Шпанецот завршија неговиот брат Алекс од тимот на Гресини, а актуелниот првак Франческо Бањаја.

Голема борба се водеше меѓу двајцата браќа.

Во седмиот круг, Марк згреши, па Алекс ја искористи шансата што ја чекаше и го мина на првата позиција. На три круга до крајот, Марк успеа да возврати и да го остави Алекс во битка со Бања за втората позиција.

Сезоната продолжува со трката за Големата награда на Аргентина закажана за 16 март.