Шпанската пресметка во одиграна во Мадрид, каде Реал ја пречека Басконија, беше најинтересниот натпревар од синоќешната понуда во кошаркарската Евролига.
Мечот во кој двете екипи имаа свои периоди на добра игра, а домаќините водеа и со +7 разлика во завршницата, беше решен буквално со звукот на сирената. Имено, при нерешен резултат 81-81, интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, Мат Кастело погоди тројка, а потоа и дополнително слободно фрлање за победа на Басконија со конечни 84-81. Тој заврши како втор стрелец на натпреварот со 20 поени еден помалку од Босанецот, Муса од редовите на Реал.
Поразот на Реал го искористи Олимпијакос кој во дербито на колото во Атина ја победи Барселона 77-70 и изби на првото место на табелата со една победа повеќе од шпанските ривали.
Значаен триумф славеше и Партизан и тоа на гостувањето во Болоња кај Виртус со 88-79, со што белградските црно-бели ги задржаа шансите за пласман во плејофот.
На останатите три натпревари: Алба Берлин – Жалгирис 63-66, Валенсија – Милан 84-88 и Баерн Минхен – Лион Вилербан 76-72.
Денеска на програмата се преостанатите дуели од оваа рунда:
Макаби Т.А. – Фенербахче (18:30 часот), Црвена Звезда – Анадолу Ефес (20:30 часот) и Монако – Панатинаикос (21 часот), а веќе утре и во петок ќе се игра натпреварите од 28-то коло.