Со денешните натпревари од 22-то коло ќе биде комплетиран вториот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, по што остануваат да се одиграат уште 10 кола.
Иако, гледани има многу да се игра, сепак денешниот дуел меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, сигурно ќе влијае многу за конечниот пласман на табелата, па дури и можното освојување на шампионскиот трофеј.
Стружани и покрај трите „ремија“ го задржаа врвот на табелата со бод повеќе од чаирчани кои пропуштија две шанси за промена.
Дали ќе дојде до неа или се е остане исто, а можеби и Струга ТЛ ќе се зацврсти на врвот останува да видиме по дуелот што ќе започне од 14 часот, термин во кој ќе се играат и останатите четири средби од ова 22-то коло, во кои ќе се сретнат:
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
А. ПАНДЕВ – ПОБЕДА
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Слободен во ова коло е ТИКВЕШ
ТАБЕЛА
1 Струга 39 бодови
2 Шкупи 38
3 Шкендија 32
4 Силекс 32
5 Тиквеш 28
6 Брегалница 26
7 Македонија ЃП 24
8 Работнички 24
9 Академија Пандев 16
10 Победа 13
11 Скопје 13