Во Првата македонска фудбалска денеска ќе се играат првите два натпревари од десеттото коло. Програмата се отвора со настапите на второ и трето пласираните екипи на табелата, Струга Трим Лум и актуелниот шампион Вардар.
Двете екипи имаат по 17 бода и бараат победи за да ја стигнат Шкендија која е на лидерската позиција со 20 бодови.
Стружани први излегуваат на теренот од 12 часот на незгодното гостување кај амбициозната екипа на Шкендија Арачиново. Домаќинот се наоѓа на петтото место со 14 бода и влегува охрабрен по ремито од 1:1 против лидерот Шкендија. Од друга страна, составот на Струга мора брзо да реагира по неочекуваниот пораз од 2:1 против Башкими во минатата рунда.
Два часа подоцна (14), Вардар ѝ гостува на Брегалница во Штип во уште едно големо и традиционално фудбалско дерби од 14 часот. Скопските црвено-црни се наоѓаат во одличен победнички ритам по врзаните триумфи над Шкендија Арачиново и Скопје. Штипјани на последните пет натпревари освоија само четири бода, а претрпеа три порази. Тие се седми и останаа на 10.бода по убедливиот пораз од Тиквеш.
Саботната програма најавува неизвесни битки во кои фаворитите нема да имаат право на кикс во трката за врвот на табелата.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























