Италијанскиот стратег, на клупата на Тотенхем, во пресрет на вечерашниот натпревар кога неговиот тим ќе го пречека, седумкратниот освојувач на Лигата на Шампионите, Милан каде ќе бркаат гол дефицит од првата средба во Италија, посочи на важност на овој натпревар и големата шанса која Тотенхем ја има, со оглед на активниот резултат од првиот натпревар.

„Овој тип на притисок, живееме за вакви натпревари. Живееме за овие моменти, бидејќи кога притисокот оди нагоре, тоа значи дека и вашето ниво на игра се крева. Не заборавајте дека минатата година игравме во Конференциската лига на УЕФА. Оваа година сме во Лигата на шампионите, бевме најдобри во групата, а имаме шанса да го победиме Милан и да одиме понатаму. Ако ме прашувате дали би сакал да го освојам трофејот, би кажал да, но тоа е реалноста. Одиме натпревар по натпревар“, изјави Конте.

,,Росонерите” имаат гол предност, откако пред две недели на свој терен славеа со минимални 1-0. Сепак осминафиналниот двомеч ќе се решава вечерва во Лондон, па оттаму е и мотивираноста на Конте и неговиот тим да направат добар резултат.

Двата тима играат променливо, па изминатиот викенд претрпеа порази во своите натпреварувања.

Токму затоа се е отворено кога е во прашање патникот во 1/4, а тоа е гаранција дека вечерва од 21:00 часот ќе гледаме интересен натпревар