Екипата на Струга Трим Лум ја оствари првата гостинска победа, а вкупно шеста сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Стружани во воведниот натпревар од 10 коло, во Скопје ја совладаа арачиновска Шкендија со 0-2.
Со оваа победа стружани избиваат на 1.место на табелата, во исчекување на настапите на ривалите, Вардар и Шкендија Тетово.
Бојку во осмата минута со ефектен волеј удар, од работ на шеснаесетникот, ја затресе мрежата на домаќините, за водство на стружани од 0-1.
Во 21.миута, Мартин Тодоров од зад грб го повеќе Агамах, во казнениот простор на домаќините. Дури по 3-4 минути, по сугестија од ВАР собата беше досуден пенал за стружани, а Тодоров заработи црвен картон. Радевски беше сигурен реализатор за 0-2 за Струга ТЛ во 27-та минута.
Вториот дел беше само чиста формалност. Стружани рутински ги одработија минутите и сосема заслужено впишаа нови три бода.
Со нив, Струга ТЛ сега има вкупно 20 колку и тетовска Шкеднија кој утре му гостува на последно пласираниот Скопје. И шампионот Вардар може да дојде до 20 бодови и да ги мине тетовци, доколку попладнево слави на гостувањето во Штип кај Брегалница.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
































