Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓокови избори нов настап во полуфиналето на Австралија опен.

Во неверојатен меч од четвртфиналната рунда кој траеше 3 часа и 35 минути го победи Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.

Иако првиот го доби младиот Шпанец, кој беше втор носител, со 6-4, следните три му припаднаа на Ѓоковиќ.

Србинот кој годинава е седми носител возврати со 6-4. Следниот трет сет загуби гел помалку (6-3), а четвртиот го го доби со 6-4.

Ѓоковиќ за противник во полуфиналето ќе го има Александар Зверев. Германскиот тенисер кој е втор носител во Мелбурн, исто така одигра четири сета во дуелот со Американецот, Томи Пол кој го доби со 7-6, 7-6, 2-6 и 6-1.