Лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, Барселона, со минимален резултат од 1-0 ја победи Валенсија на „Камп Ноу“ и запиша нови три бода.
Избраниците на Чави доминираа во текот на целиот натпревар што резултираше со многу шанси и инцијативи за гол. Победничкиот погодок на натпреварот беше дело на Рафиња, кој во 15-та минута го искористи одличното нафрлување на Серхио Бускетс, па со глава мирно реализираше за водство од 1-0.
Најдобра шанса за втор гол Барселона имаше во 53 минута кога беше досуден пенал за домаќините по играње со рака на дефанзивецот Гијамон, но ударот од 11 метри не успеа да го реализира Феран Торес кој само ја погоди левата статива.
Неколку минути подоцна дамка на победата на Барселона фрли исклучувањето на еден од нивните најдобри играчи, Араухо кој поради недозволено влечење на противничкиот играч, беше испратен во соблекувалната.
Иако тимот на Чави играше со 10 играчи, тимот на Бараја немаше ниту еден шут кон гол, така што резултатот остана 1-0 за Барселона.
Со оваа победа Барселона дојде до предност од 10 бода пред вечниот ривал Реал Мадрид, кој во 21 часот се соочува со Реал Бетис со цел да ја намали негативата во однос на Каталонскиот тим на табелата.