Рапсодија на „црвените“ од Ливерпул во дербито на колото од Премиер лигата на Енфилд Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 7:0 (1:0). Со оваа победа Ливерпул се искачи на петтото место на табелата и ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите. Ова е петти натпревар за Ливерпул без примен гол.

Во изедначеното прво полувреме Ливерпул поведе со голот на новото засилување Коди Гакпо (требаше во зимскиот преоден рок да премине во Манчестер Јунајтед) во 43.минута. На стартот од вториот дел во 47.минута Нуњез зголеми на 2:0, а три минути подоцна беше веќе 3:0 со вториот гол на Гакоп. На 4:0 зголеми Мохамед Салах во 66.минута, а во 75.минута Нуњез го постигна вториот гол за 5:0.

Во 83.та минута Салах зголеми на 6:0, додека конечните 7:0 ги постви Фирмино во 88.минута (на неговиот последен дерби дуел со М.Јунајтед).

По денешниот дуел Ливерпул се враќа во борбата за ТОП 4 и е на три бодови зад Тотенхем, додека Манчестер Јунајтед има 49 бодови и остана на третото место.