Седум натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата.

Натпревари за историја одиграа Никола Јокиќ и Расел Вестбрук. Тимот на Денвер го победи Бруклин со 124:105, а дуото на Нагетс заврши со трипл-дабл ефект. Со тоа стана првото дуо во историјата на НБА кое го направило тоа двапати во иста сезона.

Јокиќ ја заврши со 35 поени, 12 скока и 15 асистенции, Вестбрук, играчот со најмногу трипл-дабл ефекти во историјата на лигата (201), постигна 25 поени, 11 скока и 10 асистенции за 36 минути.

Изненадување натпревари  Сакраменто кој како фистин го совлада шампионот Бостон Селтикс со 114:97.

Литванецот, Домантас Сабонис беше неверојатен постигнувајќи 23 поени, а имаше и дури 28 скока. На Демар Дерозан му фалеше еден скок и тој да има дабл-дабл, а натпреварот го заврши со 24 поени и девет асистенции.

Лидерот на западот, Оклахома Сити Тандер го совлада Њујорк со 126:101. Дуото на „громовите“, Шаи Гилгеус-Александер и Исаја Џо заедно постигнаа 70 поени.

Канаѓанецот, кој во петокот, според прогнозите, го престигна Никола Јокиќ во трката за МВП на сезоната, постигна 39 поени, а Џо додаде 31.

Трет во трката за МВП, Џанис Антетокунмпо се истакна во победата на Милвоки над Орландо.

Во неизвесен меч Бакс победија со 109:106. Гркот натпреварот го заврши натпреварот со 41 поен, 14 скока и четири асистенции.