Лука Дончиќ нема по убаво да се сеќава на Божиќ 2024 година. Словенечкиот кошаркар го повреди мускулот на левата нога, во втората четвртина од натпреварот против Минесота.

Според „ESPN“, Далас Маверикс ќе остане без својот најдобар играч Лука Дончиќ најмалку еден месец. Дончиќ ќе биде подложен на нов преглед за еден месец, кога повторно ќе се процени неговата здравствена состојба.

Покрај тоа што Далас ќе биде значително ослабен во наредниот период, Дончиќ ја загуби можноста да се бори за наградата за најкорисен играч на НБА сезонава.

Според правилата, кошаркар кој конкурира за тоа признание би требало да одигра минимум 20 минути на 62 натпревари во текот на сезоната. Дончиќ во овој случај тоа нема да може да го направи.