Две млади жренски фудбалскаи селецкии на Македонија денеска ги дознаа противниците во втората рунда од квалификациите за ЕП 2025 година.

На ждрепката одржана во Нион, противниците ги добија фудбалерките до 17 и до 19 години.

Репрезентации до 17 години која ќе настапува во „Б“ лигата, ќе игра против врсничките од Словенија и Молдавија. Македонија ќе биде домаќин на натпреварите што ќе се играат на 6, 9 и 13 март следната 2025 година.

Повозрасната репрезентацијата до 19 години исто така ќе настапува во лигата „Б“. Нашите фудбалерки за противнички ги добија селекциите на Хрватска, Ерменија и Литванија.

Домаќин на ова конкуренција ќе биде Хрватска, а натпреварите ќе се играат од 1 до 7 Април 2025 година (1, 4 и 7 април)