Пред една недела, навивач предизвика скандал во Ајнтховен на натпреварот помеѓу ПСВ и Севиља кога влета на теренот и физички го нападна српскиот чувар на мрежата на шпаснкиот тим, Марко Дмитровиќ.
За среќа Дмитровиќ реагираше присебно и само го оттурна навивачот, по што реагираа службите и истиот беше приведен.
Навивачката група на ПСВ се огради од ваквиот инцидент и истиот го осуди, а како знак на извинување до Српскиот голман, претставници на групата заминаа во Шпанија да му подарат букет цвеќе на Марко Дмитровиќ со порака, која гласи:
„Драг господине Дмитровиќ, ви должиме извинување од страна на навивачите на ПСВ. Се надеваме дека сте добро. Ви посакуваме се најдобро и среќа во Лигата на Европа“
From us, to you Marko! 😘#EEUWIGTROUW@the_mitrovic1 | @SevillaFC pic.twitter.com/bS1ZpV7vl1
— Supportersvereniging PSV (@supverpsv) March 1, 2023
Фудбалот е убав токму поради ваквите работи, а навивачите на ПСВ добро знаат дека за насилството нема место на фудбалските терени.