Фудбалските гурмани вечерва ќе може да уживаат во најголемото светско дерби, дуелот на Барселона и Реал Мадрид.

Лутите шпански ривали во новото „Ел Класико“ ќе се сретнат вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ каде ќе се игра првиот од двата полуфинални натпревари во Копа дел Реј.

Вечерашното „Ел Класико“ ќе биде 252 натпревар помеѓу вечните ривали, а Реал Мадрид досега има остварено 100 победи или две повеќе од каталонскиот тим (98).

Сезонава Реал славеше на домашен терен со 3-1 во првенствениот дуел, додека Барса со истиот резултат победи во финалето на Супер Купот што се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.

Актуелните шампиони во шпанската Ла Лигата, европската Лигата на Шампионите, како и ФИФА Светското клупско првенство, фудбалерите на Реал, ќе пробаат да донесат уште една титула на „Бернабеу“ и тоа втората најважна во Шпанија, од „Кралскиот куп“.

Барселона, ја заврши сезоната во европските натпреварување, но веќе го заборавија поразот од Манчестер Јунајтед и ќе се фокусираат да победат во двата натпревари против „Кралскиот клуб“.

Барселона е поуспешна во ова натпреварување со 31 титули, додека пак Реал Мадрид го има освоено Копа дел Реј трофејот 19 пати.

Иако Чави се соочува со големи проблеми пред се во нападот, бидејќи поради повреди ќе ги нема Педри, Дембеле и полскиот голгетер Левандовски, а домашниот терен го прави Реал благ фаворит, сепак во Барселона ги издвојуваат трите победи од последните четири средби во ова натпреварување.

Не само пасионираните љубители на фудбалот, туку и оние што дват-три пати годишно гледаат фудбал никако не го пропуштаа ова големо светско дерби.

Затоа бидете крај ТВ приемниците и од 21 час следете го мега дербито меѓу Реал и Барселона.