Немили сцени се случија на вечерашниот натпревар во Лигата на Европа помеѓу ПСВ и Севиља, откако беше нападнат голманот на Севиља, Србинот Марко Дмитровиќ.

Додека Дмитровиќ гоб ранеше својот гол во еден момент, навивач влета на терен и го удри чуварот на мрежата. Српскиот чувар на мрежата на Севиља се заштити од ударите, реагираше брзо по што го турна навивачот на земја, па наместо напад, навивачот мораше да се брани од ударите на Дмитровиќ. Набрзо реагираа редарите и го однесоа надвор од теренот.

Ваков потег е се, само не спортски па готово сигурно ПСВ ќе добие санкција за лоша организација а навивачот ќе биде кривично гонет и ќе добие забрана за посета на спортски натпревари.