Македонските тенисерки имаа половичен ефект при своите настапи на турнирите во Хрватска и Шпанија.

На ИТФ фјучрсот Бол во Хрватска, што се игра за награден фонд од 15.000 долари Магдалена Стоилковска славеше победа.

Таа во мечот од 1.коло ја победи Лаура Бонер од Германија со 2-1 во сетови. Во следната рунда ќе игра против Луси Урбанова од Чешка.

Лина Ѓорческа беше поразена на турнирот во Шпанија што се игра во Лес Франкуесес дел Валес (Барселона) за награден фонд од 100.000 долари.

Таа загуби од Французинката, Наиа Берекоечеа со 2-1 во сетови (6:4, 1:6 и 6:2). Тетовката следната седмица е пријавена за настап на ИТФ фјучрс турнир во Хамбург, Германија