Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во рамките на првиот натпревар од УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Молдавија.

Нашата селекција сосема заслужено се радуваше на триумф откако одигра добар натпревар и создаде многу можности за погодок.

Првата посериозна можност, Македонија ја имаше уште во 10. минута, Крстевски се најде очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да реализира за предност на нашите фудбалери. Во 24. минута, противникот постигна автогол за предност на Македонија од 1:0. До крајот на првите 45. минути имавме можност да ја зголемите предноста, не искористувајќи неколку добри шанси за погодок.

Во продолжението, во 62. минута, Ерменија доаѓа до израмнување на резултатот. Во 81. минута, Алими пропушта нова добра можност за Македонија. Сепак во 86.минута, Павлов од белата точка постигнува погодок за предност и сосема заслужена победа на Македонија со 2:1.