Објавено е новото рангирање на ВТА, а меѓу првите десет има мали промени.

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова падна од деветтото на 11-тото место, а неа ја минаа Марија Сакари од Грција и Даниеле Колинс од САД.

На врвот нема промени, па и натаму прва е Ига Швјатек, пред Белорусинката, Арина Сабаленка и Американката, Џесика Пегула. На четвртото место е Јелена Рибакина од Казахстан, додека петто е Јасмин Паолини од Италија.

Во Топ-10 уште се, Американката, Коко Гов, Кивенг Женг од Кина и Ема Наваро (САД).