Каролина Мучова и Каролине Вознијацки се двете последни тенисерки што обезбедија плмаснан во 3.коло на последниот Гренд-слем УС Опен.
Тие во втората рунда на турнирот во Њујорк, одиграа по два сета во дуелите со своите противнички.
Чешката тенисерка, Мучова беше подобра од Јапонката, Наоими Осака со 6-3 и 7-6(7-5), па во третата рунда ќе игра со Русинката, Потапова.
И данската тенисерка Вознијацки немаше многу проблеми во дуелот со Мексиканката, Заразуа. Тие одиграа 104.минути во кои Вознијацки ги доби двата сета со 6-3.
Следна противничка на Вознијацки ќе биде Французинката, Понче.