Најдобро рангираната светска тенисерка Ига Швјонтек е првата финалистка на ВАТ турнирот во Дубаи.
Полската тенисерка за помалку од 90 минути ја совлада американската тинејџерка Коко Гоф во два сета.
Првиот сет донесе голема борба во која двете тешко ги добиваа гемовите, но Швојнтек направи два, наспроти едниот брејк на Гоф, па сетот и припадна на полската тенисерка со 6-4.
Во вториот топ фаворитката уште на стартот направи брејк, а по добиениот свој сервис, уште еден, со што најави дека неизвесност нема да има, а сетот го реши во своја полза со 6-2, за конечни 2:0 во сетови.
Швјонтек сега ќе го чека исходот од вториот полуфинален дуел во кој ќе играат тратата на ВТА листата, Американката Џесика Пегула и Барбора Крејчикова од Чешка.