Најдобрата светска тенисерка во изминатите речиси две години, Ига Швјонтек, ќе остане да сонува за олимписко злато.

Полската тенисерка која беше главна фаворитка за златото, го заврши својот настап во полуфиналето

За сензацијата се погрижи кинеската тенисерка  Кинвен Женг.

Таа за 101.минута во два сета со 6-2 и 7-5 ја совлада Швјонтек.

Женг сега ја чека противничката за мечот за златото.

Во финалето таа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Хрватската, Векиќ и Шмидлова од Словачка.