На четвртиот ден од натпреварите во пливање, на ОИ во Париз мгпо одбележаа тројца пливачи.
Конечно падна првиот Светски рекорд. За тоа се погрижи кинескиот пливач Пан Жанле кој во трката 100 метри слободно исплива време од 46.40 секунди. Овој резултат е подобар за 40 стотинки од досегашниот светски рекорд.
На задоволство на домашната публика, Леон Маршан постави Олимписки рекорд на 200 пеперутка. Французинот исплива во време од 1.51:21 минути, со кое стигна до второто злато истата вечер, а вкупно трето на игрите. Претходно Маршан беше најбрз и во трката на 200 метри градно.
Американката, Кејт Ледецки потврди дека е неприкосновена когфа во прашање е најдолгата трка во женска конкуренција, Таа триумфира на 1500 метри со нов олимписки рекорд кој сега изнесува 5:30.02 минути.
За Ледецки тоа беше осмо злато, а вкупно петнаесетти медал од Олимписки игри.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА