Од денеска до 4 август во Скопје, ќе се играат натпреварите на Европското првенство за кошаркари до 18 години. Тоа се натпревари од втората по конкуренција во „Б“ дивизијата.

22-те репрезентации се распределени во четири групи, од кои две по пет и две по шест селекции.

Двете првопласирани селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Трето и четврто рангираните ќе играа за пласман од 9 до 16 место, а петто и шесто од 16 до 22 место.

Македонските јуниори ќе играат во Ц групата каде за противници ќе имаат пет селекции. Целта на избраниците на селекторот Горан Андреевски е освојување на едно од првите две места.

Конкуренцијата нема да биде ни малку лесна, па затоа младите македонски кошаркари ќе мора на секој натпревар да дадат максимум од себе.

На првиот натпреварувачки ден, Македонија ќе игра против Ирска. Сите натпревари македонските јуниори ќе ги играат во СЦ „Кале“ во терминот од 18.30 часот.

Натпреварите на Македонија ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА

26 јули (петок) МАКЕДОНИЈА – ИРСКА 18.30 часот
27 јули (сабота) МАКЕДОНИЈА – БИХ 18.30 часот
28 јули (недела) МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 18.30 часот
30 јули (вторник) МАКЕДОНИЈА – КИПАР 18.30 часот
31 јули (среда) МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 18.30 часот