Олимпискиот вицешампион Маркета Вондроусова се повлече од Игрите во Париз поради здравствени проблеми.

Вондроусова на социјалната мрежа Инстаграм, објави дека нема да го брани олимпиското сребро од Токио, поради здравствени проблеми.

Тенискиот сојуз на Чешка соопшти дека наместо Вондроушова, шампионката на Вимблдон од 2023 година, во сингл ќе игра Катерина Синијакова.

Линда Носкова ќе игра во двојки наместо Вондроус во двојка со Каролина Мухова.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА