Младинската репрезентација на Македонија денеска ќе го игра третиот натпревар на Европското првенство за ракометари до 20 години.
По победата над Црна Гора и „ремито“ со Хрватска, денеска Македонија против Австрија решава за 1.место во групата. А, за да стигне до него Македонија ќе мора да победи.
Австријците веќе забележаа две победи, па со нерешен резултат тие би го освоиле првото место. Во таков случај Македонија би била второ рангирана. Во тој случај, би ги чекале резултатите од Б и Ц групите и круг со второ рангираните во тие конкуренции. Најдобро рангираната од нив би била дел од осумте најдобри селекции.
Математики многу, но нам само една ни гарантира пласман во „елитните осум“, а тоа е победа.
Дуелот меѓу Македонија и Австрија ќе почне од 14 часот и 20 минути.