Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во словенскиот град Оточец. Таа загуби од Полјакината Маја Чваилнска со 2-0 во сетови (6:0 7:6(3)) за 1 час и 45 минути игра. За пласманот во третото коло на турнир од овој ранг таа ќе освои 6 поени.
Инаку, Ѓорческа во првиот сет едностано не можеше да „фати ритам“, иако во првиот гем имаше водство од 40/0, сепак тоа беше единствената прилика во првиот сет и да освои гем. Во вториот сет имаше повеќе неизвесност во мечот. Ривалката дојде до 4:2 во гемови, но македонската тенисерка направи пресврт и дојде до водство од 5:4, а потоа успеа да се избори и за брејк во 12.тиот гем и потоа сетот да се решава во тај брејк. Сепак во 13.тиот гем полската тенисерка со две серии од по три поени стигна до предност од 7:3 на поени за освојување на вториот сет, а со тоа и на мечот.
Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Казерта, Италија.