Младата репрезентација на Македонија, за фудбалери до 19години е поразена од врсниците од Црна Гора. На првиот од двата контролни натпревари во Скопје, славеа гостите од Црна Гора со 5:1.
На мечот што се играше на тренинг центарот „Петра Милошевски“ крај ФФМ, лошо одиграа младите македонски фудбалери во текот на целиот натпревар. Анемично, без желба за надигрување со мотивираниот противник.
Гостите поведоа преку Марас во 16-вата минута. Веќе во 39-тата Дукановиќ зголеми на 0:2, а Перовиќ со прекрасниот лоб удар во 44.минута го постигна третиот гол (0:3).
Голот на Меличи во судиското дополнение на првиот дел, речиси и да не го поправи впечатокот за македонските млади фудбалери.
И во вториот дел уште два гола во нашата мрежа, од кој едниот (петтиот) автогол на Ајетовиќ.
Шанса за „поправен“ нашите млади фудбалери ќе имаат за два дена (четврток) на истото место во истиот термин 17 часот.