Машката македонска одбојкарска репрезентација се подготвив за настап во Европската Златна лига. Како дел од овие подготовки беше и денешниот тренинг меч со Романија на гостински терен во Валчеа.
Македонските одбојкари освоија три од одиграните пет сета со Романија на дуелот (3:2)
Поентерски очекувано најдобар беше капитенот Никола Ѓорѓиев освои 20, а двоцифрен беше и Филип Савовски со 10 поени. Илиев освои 6, а по 4 поени додадоа Арсов и Маџунков.
Репрезентацијата преднодена од новиот селектор Хари Наковски утре ќе одигра официјаленм меч со Романците.
По овие натпревар одбојкарите се враќаат во Струмица на завршни подготовки, пред почетокот на Европската Златна лига закажан за 17 мај.