Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува битката во АБА2 лигата. Аеродромци се домаќини на Спартак Суботица во првиот од двата натпревари од двата натпревари во полуфиналната серија.
Српскиот Спартак, беше најдобриот тимот во регуларниот дел од сезоната кој го заврши на првото место. Во „пресметка“ со МЗТ во лигашкиот дел, Спартак славеше победа со 86-81.
Аеродромци веруваат дека можат да го минат овој состав и да се пласираат во големото финале.
„Колку е поквалитетен противникот, толку е посилна нашата мотивација и желба за победа.
Добро трениравме изминатиов период, ги знаеме добрите, но и нешто полошите страни на противникот и сигурен сум дека ако се држиме според планот ќе може да се радуваме на крајот.
Задоволство ми е кога играм пред полна сала, затоа ги замолува сите што го сакаат МЗТ и што сакаат да продолжиме со успесите да дојдат и да ни ја дадат можеби клучната поддршка на патот кон победата“,
изјави Џон Гилон кошаркарот на МЗТ.
За остварување на целта тие ја повикаа публиката вечерва да им ја даде голем неопходната поддршка. Затоа влезот во „Јане Сандански“ ќе биде слободен за натпреварот што ќе почне од 19 часот.