Во машката ракометна Супер лига, нејзината плејоф конкуренција, денеска ќе се играат три натпревари од 11-тото коло.

Воведниот натпревари, е и дерби на оваа рунда, а ќе се игра во Автокоманда. Таму актуелниот вицепрвак Алкалоид ќе го пречека Охрид. Ова е натпревар на екипите кои се борат за третото место на табелата, на кое во моментов е скопскиот тим со бод повеќе.

По двете победи во првиот дел од сезоната на Алкалоид, дуелот во плејоф конкуренцијата го добија охриѓани. Како и на претходните така и на денешниот меч (17.15 часот) се очекува интересна и без компромисна борба.

Во Кавадарци, Тиквеш ќе го пречека составот на Бутел, додека шампионот Еурофарм Пелистер гостува во Скопје кај Пролет. Битолчани важат за апсолутен фаворит за освојување на бодовите со кои ќе се вратат на првата позиција на табелата. Во моментот таму е Вардар со бод повеќе кој вчера лесно се справи со последно пласираната Струга.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 11.КОЛО
Сабота

17.15 АЛКАЛОИД – ОХРИД
18.00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ
19.00 ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Петок
СТРУГА – ВАРДАР 15-36

ТАБЕЛА: Вардар 30 бодови, Еурофарм Пелистер 29, Алкалоид 24, Охрид 23, Тиквеш 16, Бутел 7, Пролет 6 и Струга 0.