Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во второлигашката АБА конкуренција. Аеродромци во дуел од 7.коло се поразени од Спартак Суботица со 81-86.

Во релативни израмнетото прво полувреме, за нијанса подобра беше екипата на Спартак која на паузата замина со 5 поени предност (42-37).

Третиот период мина во апсолутна доминација на српската екипа која во еден миг имаше и 20 поени предност, за во последната четвртина да влезе со +14 (69-55). Дојде МЗТ на -6, но немаше сили за комплетен пресврт.

Во редовите на МЗТ најефикасен беше Расел со 16, додека Војдан Стојановски постигна еден помалку (15).

МЗТ останува на 3.место на табелата, а Спартак се проби на второто.

За МЗТ следува еден натпревар во домашниот шампионат и тоа во вторник против Гостивар во вторник на гостински терен.

По новогодишната пауза, аеродромци, но и Пелистер и ТФТ ќе се подготвуваат за следниот четврти турнир во АБА2 лигата. Тој на програмата е од  4-тиот турнир 29 јануари до 4 февруари 2024 во Нови Сад.