Одбојкарското првенство на Македонијо, во машка конкуренција, е во самата завршница. До крајот не дели еден, а најмногу два натпревари.
Тоа ќе зависи од исходот на денешниот четвртфи финален натпревар што ќе се игра во Штип.
Во него, актуелниот шампион екипата на Струмица влегува со предност од 2:1 во победи против домаѓинот Штип Угд.
Доколку струмичани попладнево победат, ќе за заокружат серијата и ќе ја одбраната шампионската „круна“. Во спротивни, триумф на Штип УГД ќе значи и одигрување на решавачки петти натпревар. евентуалната „мајсторка“ би се играла во Струмица во недела (28 април).
Досега предноста на домашниот терен се покажуваше како клучна, па двата тима ја искористите и ги добија дуелите со идентични 3-1 во сетови.
Денешниот дуел во салата „Јордан Мијалков“ ќе почне во терминот од 18.30 часот.