Останаа по четири екипи во женска и машка конкуренција, кои ќе се борат за трофејот во ракометниот Куп на Македонија.

Полуфиналистите на завршниот турнир се одамна познати, а денеска ќе дознаеме кој против кого ќе се бори за место во големото финале.

Во просториите на Ракометна федерација, точно на пладне ќе се одржи извлекување на полуфиналните парови.

Бранители на трофеите се екипите на Куманово во женска и Вардар во машка конкуренција. И двата тима без проблеми обезбедија место во ТОП-4. Таму се и минатогодипните финалисти ЖРК Вардар и битолски Еурофарм Пелистер.

Кај дамите улогата на главен фаворит ќе ја има актуелниот шампион Ѓорче Петров, а квартетот го заокружува Чаир.

Кај мажите многумина очекуваат реприза на финалето од лани, доколку вардарци и пелистерци не се судрат во полуфиналето. Сепак, сметките на двата тима ќе се обидат да им ми помрсат Алкалоид и Алкалоид и Тиквеш.

Завршниот „фајнал-фор“ на програмата е од 17 до 19 мај, а денешната ждрепка може да ја следите ВО ЖИВО ОВДЕ.