КФМ пријави само една женска млада селекција!?

Македонија претстојното лето ќе биде претставувана само од една женска селекција на младинските европски кошаркарски натпреварувања.

Ова е јасно, откако денеска беа извршени ждрепките за младинските натпреварувања, во кои освен јуниорската ниту една друга женска селекција не беше во конкуренцијата.

Информацијата ја потврдија и од федерацијата на својата објава на официјалниот веб сајт на која стои:

Во женска конкуренција е пријавена само репрезентацијата до 18 години која ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија во Софија, од 30 јуни до 9 јули. Јуниорките се во групата А, со Хрватска, Холандија, Данска и Исланд.


Оттаму и не зачудува реакцијата на инволвираните во женската кошарка во нашата земја, па така првиот човек на повеќекратниот шампион Бадел, Љупчо Павловски, имаше своја реакција на објавата на Федерацијата на нивниот официјален Фејсбук профил.

Павловски прашува „Дали ова е почеток на крај на женската кошарка …..“

Но. наместо одговор „постот“ на Павловски е избришан од коментарите!?

Сосема легитимно е да биде поставено вакво прашање, на кое не само Павловски туку и целата македонска, пред се кошаркарска, јавност ќе добие одговор.

Ја очекуваме реакцијата на федерацијата