Кошаркарите на Пелистер не успеаја да го совладаа Спартак и да ги сочуваат шансите за пласман во плејофот на АБА2 лигата.
Пелистерци се поразени од водечката екипа на табелата Спартак Суботица со 81-88 , по што и дефинитивно ја завршуваат сезоната во АБА2 лигата.
Зелено-белите беа рамноправен противник во првата четвртина, која ја завршија со само два поени негатива (16-18). Сепак, во втората Спартак ја потврди фаворитската улога, па на пауза заминаа со +16 (31-47).
Во второто полувреме избраниците на Дарко Радуловиќ постојано ја бркаа негативата, сепак не успеаја да направат пресврт. На крајот Спартак славеше со конечни 88-81 .
Со овој пораз, осми во 13-те одиграни натпревари Пелистер ја сезоната ја заврши сезоната во АБА2 лигата.
Својот последен натпревар во оваа конкуренција попладнево ќе го одиграат и кошаркарите на ТФТ. Тие во дуелот против Шибенка ќе се обидат да ја избегнат последната позиција на табелата.