Во Португалија викендов се вози втората трка од светскиот шампионат во Мото ГП.

Денеска на програмата се квалификациите по пол-позицијата и спринт трката. 

На големо изненадување на сите, италијанецот Бастианини ја освои пол-позицијата за утрешната трка. 

Тој најбрзо го извозе кругот во Португалија со време од 1.37.706 секунди и заслужено утре ќе стартува од првото место.

Инаку Бастианини е клубски колега на шампионот Пеко Бањаја од тимот на Дукати Леново тимот кој пак ќе стартува како 4-ти.

Од второто место ќе тргне Маверик Вињалес од тимот на Априлија Рејсинг, а трето најбрзо време оствари Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати. 

До 10-тото место се пласираа возачите, Милер, Безеки, Акоста, Марк Маркез, Квартараро и Биндер. 

За денеска закажана е и спринт трката која ќе започне во 16 часот.