Единствениот машки македонски претставник на европската ракометна сцена, Еурофарм Пелистер пред својата публика во Битола го одигра шестиот натпревар во Европската Лига.
Откако пред седум дена пелистерци на гостувањето во Шпанија кај Бидасоа Ирун беа поразени со убедливи 12 голови разлика (32-20), овојпат зелено-белите одиграа нерешено 29-29.
Во натпреварот во кој двата тима имаа свои периоди на добра и лоша игра, конечниот исход беше решаван во последниот напад во која за среќа на Пелистер гостите од Шпанија не успеаја да го реализираат па резултатот остана израмнет, а двата тима освоија по еден бод.
Хосни со 8, Танкоски со 7 и Хенеберг со 4 гола беа најефикасни во табор на Еурофарм Пелистер, за кој до крајот на календарската 2022-ра останува уште дуелот од домашниот првенство со Пролет, додека натпреварите во Европската лига, битолскиот клуб ќе ги продолжи дури на 7 февруари 2023 година со гостување во Данска кај Архус во Данска.