Убедливата победа во европските квалификации против Полска, на гостински терен, и донесе напредок на Македонија на новата ФИБА листа.
Машката сениорска репрезентација на Македонија сега е на 58.место на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА. Ова по завршувањето на февруарскиот „прозорец“, односно првиот круг од квалификациите за Евробаскетот 2025 година.
Сега имаме вкупно 196.6 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да е на 30-тата позиција во рангирањето во европската зона.
Тоа претставува напредок за една позиција во вкупниот светски ранкинг на Македонија во однос на претходниот.
Од нашите противници во групата. Репрезентацијата на Литванија, остана на десеттата позиција на светската ранкинг листа (има 713.1 бода), односно шеста во европски рамки.
Полска останува на 15.позиција во светот, односно на 10-та во Европа со 611.7 бодови. Естонија која е прва во нашата група, е рангирана на 44.место во светската, и 22-то на европската листа со 277.7 бода.
Инаку, лидер во светскиот поредок е САД кој има 784.8 бодови, пред Шпанија, со 773.9, односно Германија. Новиот светски шампион има 759 бода.
Едно место понапред е мундијалскиот вицешампион, Србија, која сега е на четврта со 757.9 бодови, со кои ја мина Австралија, која го заокружува овој ТОП 5 поредок. Популарните „кенгури“ имаат 756.3 бода во ова февруарско ФИБА рангирање, прво во 2024 година.