Возбудувањата што ги носи најбрзиот спорт во светот, Формула 1, и официјално започнаа. Со трката за големата награда на Бахреин, започнува новата 71-ва сезона во Ф1.

Актуелниот шампион Макс Верстапен ќе ја има првата стартна позиција на трката закажана за утре.

Возачот на Ред Бул оствари најбрзо време на денепните квалификации. Холанѓанецот до својата 33-та пол-позиција во кариерата стигна пред Шарл Леклер од Ферари.

Од вториот стартен ред трката ќе ја почнат болидот на Мерцедес, управуван од Џорџ Расел, а Шпанецот, Карслос Сајнц на Ферари ќе ја има четвртата стартна позиција.

Во ТОП-10 квалификациите ги завршија:
Серхио Перез – Ферари
Фернандо Алонсо – Астин Мартин
Ландо Норис – Мекларен
Оскар Пјастри – Мекларен
Луис Хамилтон – Мерцедес
Нико Хулкенберг – ХАСС Ферари

Стартот на Гранд-прито на Бахреин е закажан за утре (сабота) од 16 часот.